Saudi Aramco презема хемиска компанија за над 69 милијарди долари

49

Фото: Facebook

Нафтената компанија Saudi Aramco планира да купи 70% од акциите во државната Saudi Basic Industries Corp (SABIC) за 69,1 милијарди долари, пишува New York Times.

Во овој момент SABIC е во државна сопственост, а по преземањето на уделот, останатите 30% ќе продолжат да се котираат на берзата во Саудиска Арабија.

Aramco ги зголемува своите инвестиции во петрохемиската индустрија за да обезбеди нови пазари за својата суровина.