Саудиска Арабија оваа година би можела да позајми 58 милијарди долари за да ги покрие загубите предизвикани од падот на цената на нафтата, пишува Bloomberg.
Оваа земја што важи за еден од главните снабдувачи со нафта, би можела да претрпи сериозни последици поради падот на цената на оваа суровина.
Минатиот месец, властите во Саудиска Арабија побараа да го намали својот буџет за најмалку 20%. Тоа беше уште пред ОПЕК плус да прифати намалување од 9,7 милиони барели со надеж дека тоа ќе помогне да се стабилизира цената.
Фото: Pixabay