Фото: Pixabay
Со 52 долари по жител месечно, Македонија е една од најсиромашните држави во Европа, покажува најновиот извештај на Светска Банка.
Просекот на балканските држави е дури неколку пати поголем движејќи се од 100 до 300 долари по човек месечно. Додека, пак, во останатите европски држави е помеѓу 600 и 900 долари месечно. Според извештајот повеќе од 80% од регионалното богатство е лоцирано во западневропските држави, но и дека граѓаните на Норвешка, Швајцарија и Луксембург се најбогатите во светот.
Со оглед на тоа дека просечниот раст во изминатите пет години достигна 2,5%, што е повеќе од регионалниот просек кој изнесува 1,9%, од Светска Банка остануваат оптимисти дека рејтингот на Македонија ќе забележи раст во наредниве неколку години. Инвестициите и нето извозот беа главни двигатели на растот во периодот 2011-2014 година, но потрошувачката се зголеми во последните години, се наведува во извештајот.
Фото: Светска Банка