Се намалија инвестициите во недвижнини на глобално ниво

85

Глобалното инвестирање во недвижнини опадна за 33% во првата половина од годинава, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус и поради мерките за ограничено движење поради нејзиното ширење, покажуваат податоците на консултантската компанија Savills Plc., објави Bloomberg.

Азиско-пацифичкиот регион беше најпогоден со пад од 45% за време на периодот на известување, бидејќи регионот исто така беше првиот кој беше погоден од вирусот.

Инвестициите паднаа за 36% во Америка и за 19% во Европа, Блискиот исток и Африка.

Откако туристичката индустрија беше затворена со месеци како резултат на рестриктивните мерки, инвестициите во хотелите се намали за 59% во првото полугодие. Инвестициите во комерцијални недвижности се намалија за 41% во однос на позадината на затворените продавници.

Подобар развој е забележан во индустриските и станбените имоти. На пример, во Азија, инвестициите во станбен имот двојно се зголемија во текот на овој период. Сепак, растот се должи на договорот на компанијата Blackstone Group Inc. за купување на пакет јапонски станови од групата Anbang Insurance Group за скоро три милијарди  долари.

Инвестициите се очекува да останат далеку под нивото на пред-пандемијата до крајот на 2020-та година, затоа што инвеститорите чекаат и сакаат да видат поголема јасност на пазарот“, рече Симон Хоуп, раководител на одделот за глобалните пазари во компанијата.

Инвеститорите се фокусираат на безбедни средства, како што се логистички недвижнини, домови и имоти поврзани со животот.

Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека глобалниот бруто домашен производ ќе се намали за 4,9% во оваа година. Главниот економист на ММФ, Гита Гопинат, рече дека кумулативната загуба на светската економија оваа година и следната како резултат на рецесијата се очекува да достигне 12,5 трилиони долари.

Сепак, барем засега, падот на инвестициите е послаб од почетокот на последната финансиска криза во првата половина на 2008-ма година. Тогаш инвестициите забележаа пад од 49% низ целиот свет и продолжија да опаѓаат до средината на 2009-та година.

Фото: Freepik