Се очекува ЕЦБ повторно да ги зголеми каматните стапки

82

Европската централна банка (ЕЦБ) очигледно повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери, пренесува СееБиз.

„Сегашните податоци покажуваат дека треба повторно да ги зголемат каматните стапки на состанокот на 4 мај“, изјави главниот економист на ЕЦБ Филип Лејн за францускиот весник „Монд“ во вторникот, додавајќи дека „сè уште не е време за олеснување“.

Лејн не објави колкава корекција очекува, но додаде дека монетарната политика од мај ќе зависи од економскиот раст.

ЕЦБ ги зголемува каматните стапки од јули 2022 година. На состанокот во март, Советот на гувернери повторно ги зголеми клучните каматни стапки за по 50 базични поени.

За зголемувањето на каматите за Политико зборува и Изабел Шнабел, член на Управниот одбор на ЕЦБ.

„Според мене, јасно е дека се потребни дополнителни зголемувања на каматните стапки. Обемот на корекцијата, сепак, ќе зависи од податоците кои допрва ќе пристигнат“, рече Шнабел.