Седум чудни работи што ги прави вашето тело како одбранбен механизам

171

koza

Фото: Pexels

Човечкото тело е комплексен систем од многубројни биолошки циклуси, кои честопати е тешко да се разберат. Тие нѐ штитат 24 часа на ден, седум дена во неделата, од многу работи што би можеле да ни наштетат. Ова се седум фасцинантни работи што ги прави вашето тело, а не сфаќате дека се во улога на одбранбен механизам, пишува Brightside.

Зевање

Зевањето е начин да се олади мозокот откако бил изморен и префорсиран.

Кивање

Преку кивањето се ослободуваме од разни алергени, микроби, прашина.

Истегнување

Луѓето инстинктивно се истегнуваат, а со тоа се подготвува телото за физичките активности во текот на денот. Така ги активирате сите мускули што неколку часа мирувале, го поттикнувате струењето на крвта и го подобрувате расположението.

Икање

Кога ќе се изиритира пнеумогастричкиот нерв, почнуваме да икаме. Тоа се случува кога брзо јадеме, се прејадуваме или ќе голтнеме поголем залак. Овој нерв е сместен близу дијафрагмата и желудникот.

Собирање на кожата на прстите

Овој феномен е предизвикан заради фактот што телото прима одредена количина влага и течности и сфаќа дека околината може да биде лизгава. Тогаш кожата на прстите се собира за да ви го олесни движењето низ лизгави површини.

Губење на меморијата

Губењето на меморијата често се појавува по доживување на некои непријатни искуства. Вашиот мозок буквално ги брише најстрашните моменти од вашите сеќавања за да ве заштити.

Наежување

Примарната функција на наежувањето е да ја намали количината на топлина што вашето тело ја губи преку порите на вашата кожа, притоа правејќи полесно да се загреете во непријатни климатски услови.