Пилот проектот за развој на руралниот туризам што пред неколку месеци го започнаа Надворешно трговската комора на БиХ и УСАИД-Фирма, резултираше со потпишување на првите договори меѓу седум туристички агенции и 15 селските домаќинства. Во првата фаза домаќинствата се пријавуваа доброволно и притоа мораа да задоволат одредени меѓународни стандарди и кретириуми, почнувајќи од сместувањето, па до останатите содржини што ги нудат.
Според Мирко Бошковиќ од Комората, БиХ има одличен потенцијал за развој на руралниот туризам, само е неопхпдно да се започне и да се развива, јавува Радио Сараево.
“БиХ има доста селски домаќинства кои би можеле да учествуваат во развојот на руралниот туризам. Имаме добри капацитети, добри објекти, кои за жал не се доволно маркетиншки обработени, па се надеваме дека со овој проект подобро ќе ги претставиме, ќе ги афирмираме и ќе ги заинтересираме туристите за содржините што ги нудат”, нагласува Бошковиќ, додавајќи дека ова е вид на туризам кој може да биде активен во текот на целата година.