Шестото издание на Самитот Македонија 2025 ќе се одржи во ноември

29

key-note-speakers-01

На 1-ви и 2-ри ноември, Скопје по шести пат ќе биде домаќин на Самит Македонија 2025 кој ќе се одржи во Хотел Мериот. Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.

Очекуваме повеќе од 30 исклучителни говорници, а дел од оние кои го потврдија учеството се: Ноа Горски, менаџер за односи со клиенти во Фејсбук; Вук Јеремич, поранешен српски министер за надворешни работи; Ацо Момчиловиќ од хрватската Римац Автомобили, производител на најбрзите електрични автомобили во светот; Рубен Вардањан, влијателен руски претприемач, кој преку Ерменија2020 реализира значителни социјални инвестиции во родната Ерменија; Тјаша Фицко, заменик-градоначалник на Љубљана, која го предводи проектот со кој Љубљана стана главен „зелен“ град на Европа и многу други. Очекуваме интересни дебати кои ќе ги разработат најдобрите практики на економски успешните мали земји, примери за успешно и инспиративно лидерство, технологии на идното време, значењето на медиумите и телекомуникациската индустрија, улогата на социјалните медиуми и платформи, развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии, значењето на странските инвестиции за земји како нашата, како и примери за „паметни“ технологии и обновливи извори на енергија, стои во соопштението.

Самитот е уникатна прилика за поврзување и развивање на соработка со повеќе од 300 гости, вклучувајќи и дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата, како и бизнис професионалци од дијаспората. Регистрацијата е отворена и овозможува специјални пакети за рана регистрација до 1-ви септември, како и поволности за мали и средни компании.

Повеќе информации на www.mk2025summit.com.