Шише ретко виски продадено за рекордни 1,9 милиони долари

78

Macallan, ретко 60-годишно виски, постави нов рекорд на аукција во Sotheby’s кога беше продадено за 1,9 милиони долари.

Сумата ги надмина првичните очекувања на аукциската куќа вискито да достигне цена помеѓу 448.000 и 577.000 долари, пишува USA Today.

Macallan, коешто е дестилирано во 1926 година, а флаширано во 1986, го нарекуваат и “Светиот грал“ во својата категорија. Вискито е дел од колекцијата Фини и ретки серии на Macallan, којашто се состои од вкупно 178 шишиња што датираат од 1926 до 1991 година.

Претходниот рекорд го држеше друго Macallan виски, исто така, дестилирано во 1926 година.

Фото: Facebook