Шпанската економија започна да закрепнува од кризата којашто ја предизвика пандемијата од коронавирус, изјави министерката за економија Надија Калвино, посочувајќи на подобрените показатели за вработување по ублажување на мерките за блокада.
На работа се вратиле милион работници, испратени на одмор поради сузбивање на пандемијата, а бројот на осигуреници во институтот за пензиско осигурување се зголемил за 300.000.
“Фазата на закрепнување веќе започна“, утврди Калвино пред парламентот, додавајќи дека таа проценка е поддржана од повеќе показатели, а особено најновите податоци за отворање нови работни места.
Шпанската економија би требало оваа година да се намали за 11,6%, најмногу откако официјалните податоци започнаа да се објавуваат, при што централната банка предвидува закрепнување во втората половина од годинава.
Во 2021 година, бруто домашниот производ би требало повторно да порасне, во опсег од 7,7 до 9,1%, проценуваат во централната банка.
Фото: Pixabay