Што е егзабајт?

170

Протокот на податоци достигнува нови рекорди. Тоа го покажува и воведувањето на новиот поим – еден егзабајт (EB), којшто има дури 18 нули. Тој одговара на количина од еден милион терабајти (TB), пишува Deutsche Welle.

Минатата недела, германската новинска агенција dpa јавила дека на германските мобилни мрежи во текот на минатата година протокот на податоци никогаш не бил поголем. Операторот Telefonika јавува дека во неговата мрежа за прв пат е помината границата од еден егзабајт. За да може еден човек да потроши толкава количина на податоци, би требало да слуша музика директно од интернет без прекин цели милиони и пол години.

Заклучокот на агенцијата е дека, ако потрошувачката на податоци продолжи да се зголеми и во следниот период, за пет години 8% од емисиите на штетни гасови во атмосферата ширум светот ќе отпаѓаат на потрошувачката на податоци.

Фото: Pexels