Што е ПИН?

396

ПИН е често користена кратенка што е превод од англискиот поим personal identification number (PIN). Станува збор за личен идентификациски број или тајна лозинка што служи за авторизација на голем број електронски уреди, почнувајќи од мобилни телефони, таблети, па сè до банкомати.

Најчесто за ПИН се користат четири симболи (бројки, букви, знаци), сепак ISO – 9546 стандардот, со којшто е дефиниран ПИН-от, овозможува да се користат вкупно 12 симболи. Но, во пракса ретко се случува да се користат толку многу, па најчесто ПИН-от може да има најмногу шест симболи, бидејќи е тешко да се запаметат.

ПИН за прв пат се среќава откако се воведени банкоматите во 1967-ма година, па бил најсоодветен начин за верификување на идентитетот на клиентот кој сака да подигне готовина.

Иако постојат голем број на комбинации, најчестите ПИН кодови се овие: 1234, 0000, 1111, 5555, 4321, 1212… Дури и производителите на различни електронски уреди ги користат овие комбинации, што може да предизвика и проблем, бидејќи многу луѓе не ни ги менуваат, па можат да станат лесна цел на хакери или крадци.

Исто така, нумеричката тастатура на мобилните телефони и банкомати, даваат “инспирација“ за овие ПИН кодови: 2580 или 0852 (во средишниот дел на тастатурата), како и 1472 или 9632 (на рабовите од тастатурата).

За да можат луѓето полесно да ги запаметат лозинките, најчесто ги користат и датумите на раѓање или некој поважен датум. Ова е особено често кај луѓе кои имаат повеќе картички или користат повеќе електронски уреди.

Фото: Pixabay