Што е podcast?

1108

Podcast претставува емисија односно програма што е достапна во дигитална форма за преземање преку интернет.

Станува збор за говорна форма на забава, давање научно објаснување на одредени теми или анализи и коментирање на одредени теми од различни области со експерти. Но, креирање на добар podcast во којшто луѓето ќе можат да уживаат е сложен процес.

Podcast е популарна метода за забава и комуникација на интернет, но спаѓа и во релативно нов вид на технологија. За прв снимен podcast се смета Daily source code, објавен во август 2004 година.

Се верува дека Стив Џобс и Apple го препознале потенцијалот на podcast-от, бидејќи во 2014-та година Apple имаше повеќе од една милијарда претплатници, а тој и понатаму расте.

Тоа денес е силен маркетинг производ, примарен извор на информации и забави, а може да биде корисен за различна намена. Успешниот podcast бара прецизни компоненти, а се состои од неколку специфични елементи.

Постојат важни елементи на добриот podcast:

Добра опрема – специјални алатки за креирање на аудио и видео содржини

Да се биде експерт во областа – добро е да се разговара за теми и прашања за коишто имате добро познавање

Колку долго треба да трае една епизода – просечната, а воедно и најдобра должина на podcast-от треба да биде меѓу 15 и 30 минути

Фото: Pexels