Фото: Pixabay
Фарингитис, ларингитис, тонзилитис, гнојна ангина или еднставно речено болно грло.
Воспалението на грлото го предизвикуваат бактериски или вирусни инфекции, а симптомите честопати се поврзани со други респираторни проблеми како воспалени синуси или бронхитис.
Пецкање, гребење, чувство дека нешто ви стои во грлото и отежнато голтање се само некои од симптомите на болно грло.
За да не ја влошите ситуацијата, еве што не треба да конзумирате:
Топли пијалоци и храна
Иако топлиот чај чувствувате дека ви годи, сепак тоа не е така. Одбегнувајте да јадете и пиете било што додека е прилично топло. Оставете храната, чајот или млекото малку да се оладат пред да ги конзумирате.
Кисело
Портокал, лимон, цитрон и останато овошје и сокови што содржат голема количина на киселина. Истото важи и за салата со оцет и разните кисели зимници.
Пресолено
Пржени компири, грицки, чипсови… сета брза храна е прилично солена и може само да ги влоши симптомите.
Луто
Лутото можеби е добро за синусите, но тоа не е случај и со болното грло. Зачините како чили, бибер, феферони, табаско сос треба да се одбегнуваат.
Сува храна
Воспаленото грло е осетливо на надворешни дразби, па цврстата храна не е препорачлива. Јаткасти плодови, разни грицки и житарки, но и леб со цврста кора не се добар избор ако ве боли грлото.