Фото: Pixabay
QR (quick responsive) претставува заштитен знак за дводимензионална матрица што овозможува читање на податоци преку одреден уред. Многу поедноставно, овој код претставува слика што во себе содржи информации. Првично, овој код го користи автомобилската индустрија за полесно следење на производството на делови.
За разлика од бар кодовите, што претставува еднодимензионални (имаат долги црни тенки и подебели линии, а ги има на секој производ), QR кодот во себе носи многу повеќе информации. Преку апликација којашто може да ги чита овие кодови, корисникот со својот мобилен уред може да ги има пред себе сите информации, коишто производителот сака да ги сподели.
Своето име го добива благодарение на тоа што податоците преку овој код многу брзо и лесно се вчитуваат. Денес, овој код не го користи само оваа индустрија, туку наоѓа многу поширока примена. Па така, се користи и како маркетинг алатка за промовирање на одреден производ.
Освен линк до интернет страница или информации за контакт, QR кодовите може да содржат и: телефонски броеви, координати за точна локација, настани со точни датуми што може да ги ставите во личниот календар или само информативен текст што може да се чита и сподели.
Во последно време, расте бројот на производи што на себе имаат ваков код, но може да се најде и на билборди, рекламни материјали, информативни летоци, визит картички и слично.
Постои и прилично лесен и едноставен начин да се генерира ваков код, преку бесплатен QR – генератор на кодови. Она што е најважно е да се почитува принципот – кодот мора да биде во темна боја, а позадината светла, за да може читачот лесно и брзо да ги вчита податоците.