Швајцарската економија во 2024 година ќе има потпросечни резултати

27

Швајцарската економија ќе порасне значително под просекот оваа година поради малата искористеност на индустриските капацитети и високите финансиски трошоци, што ќе ги пригуши инвестициите, објави швајцарското Министерство за економија (SECO).

Министерството малку ја зголеми проценката за економскиот раст годинава, на 1,2 отсто, но тоа би значело дека економијата расте многу послаб од просечниот, посочуваат од експертската група на СЕКО.

Според нив, главен столб на растот ќе биде личната потрошувачка, пренесува Хина, која ќе расте во услови на поголема вработеност и стабилна инфлација. Извозот ќе даде и мала поддршка за активностите поради слабеењето на франкот, додаваат експертите.

Според нивните проценки, економската активност треба да се нормализира во 2025 година, со проценета стапка на раст од 1,7 отсто.

„Експертската група за деловни циклуси очекува постепено закрепнување на светската економија, особено на европската, од слабоста во изминатите две години, што треба да го поттикне и швајцарскиот извоз и инвестиции“, објаснуваат од Министерството.

Меѓу ризиците, експертите ги издвојуваат конфликтите на Блискиот Исток и Украина, кои повторно би можеле да ја поттикнат инфлацијата доколку цените на суровините или транспортните трошоци нагло пораснат.

Потенцијално високите стапки на базичната инфлација се исто така ризик, бидејќи тие би можеле да ги поттикнат централните банки да ги задржат каматните стапки на високо ниво, што би ја забавило побарувачката.

„Дополнителни ризици за меѓународната економија и за швајцарската надворешна трговија претставуваат трендовите во Германија и Кина“, додаваат во соопштението за медиумите.

„Негативното влијание на посилното забавување на германската индустрија врз секторите во швајцарската економија би можело да биде посилно од моментално очекуваното. А кинеската економија би можела да забави посилно од очекуваното поради кризата во секторот на недвижности, високото ниво на долг и песимистичкото расположение на компаниите и домаќинствата“, објаснуваат од СЕКО.

Незначително ја намалија и прогнозата за инфлацијата за оваа година, на 1,4 отсто. Во следната година, според нив, растот на цените треба да забави до 1,1 отсто.