Фото: Pixabay
Шведска е чекор поблизу до целосна забрана за цигари, дури и на јавни места. Пушењето е забрането во барови и ресторани уште во 2005 година, пишува Deutsche Welle.
Од први овој месец, жителите на Шведска повеќе нема да смеат да запалат цигари на јавни места, како што се игралишта, автобуски станици, па дури ниту на отворени тераси во кафулиња и ресторани. Забраната ги опфаќа и електронските цигари.
Според официјалните податоци, во 2016 година редовно пушеле 11% од 10 милиони жители на Шведска, додека 10% пушеле повремено.
Целта на овој закон е до 2025 година пушењето во Шведска да биде целосно забрането.