Шведска: Создадено гориво од остатоци од дрво

381

Фото: Pixabay

Хемичарот Кристијан Хултеберг од Универзитетот во Линд ја искористи црната течност што претставува отпад во производството на целулоза и хартија за да создаде полимер лингнин. По прочистување и филтрација, течноста ја претвори во мешавина од гориво, пишува National Geographic.

“Го користиме делот од стеблото што е отпад во производството на целулоза и хартија… тој дел додава вредност на помалку искористените делови од стеблото“, вели Хултеберг.

Тој изгради експериментална електрана и се надева дека “шумското“ гориво ќе може да се употребува до 2021 година.

Иако ќе задоволува само дел од потребите на возачите, се очекува заедно со другите обновливи извори на коишто работи, да придонесе за намалување на употребата на фосилни горива.