Меѓународната еколошко – туристичка ознака и една од најпризнатите во светот за најуредени плажи, чисто море и крајбрежје, Сино знаме, оваа година во Хрватска добија 98 плажи и 20 марини, пренесуваат хрватските медиуми.
Вакви знамиња во Хрватска се доделуваат веќе 17 години. Синото знаме за плажи и марини денес во светот е многу ценета туристичко – еколошка ознака која на туристите им е главен репер при изборот на дестинација.
За да се исполнат критериумите потребни за добивање на статус на сино знаме, потребно е исполнување на стандарди за квалитет на водата, безбедност, обезбедување на услуги, како и општо управување на околината. Чистото и безбедно капење е овозможено во околина без кучиња.
Foundation for Environmental Education (FEE) со седиште во Данска е интелектуален сопственик на Сино знаме и меѓународен водач на оваа програма, која во 1981 е прифатена од Советот на Европа.