Скандал го тресе финтек пазарот, исчезнаа 1,9 милијарди евра

302

Акциите на германската компанија Wirecard паднаа денеска за уште 50% по вчерашната објава дека на сметките на компании недостасуваат 1,9 милијарди евра.

Ревизорот на оваа финансиско – технолошка група, која беше сметана за ѕвезда во германскиот технолошки сектор, објави дека на сметките на фирми недостасуваат 1,9 милијарди евра.

Хаотичната распродажба почна вчера, а ескалираше денеска бидејќи два најголеми инвеститора се заканија со судска тужба против Wirecard, поради сметководствен скандал кој го доведе во прашање опстојувањето на оваа компанија за платен промет, пишува Financial Times.

Investitorot Union Investment еден од 10 најголеми акционери, се придружи на фондот DVS кој се закани дека ќе ја тужи компанијата која две децении важи за успешна германска приказна.

Wirecard со седиште во Минхен, обработува десетина милијарди евра трансакции по кредитни и дебитни картички годишно.

Аферата изби во четвртокот кога беше откриено дека недостасуваат 1,9 милијарди евра од сметките на две азиски банки.

Ernst Young, долгогодишниот ревизор на компанијата, соопшти дека постојат индиции дека овластено лице за банкарски сметки на Wirecard се обидело да ги измами ревизорите, и дека е можно да доставило лажни изводи за сметките.

“Не може да се исклучи дека Wirecard стана жртва на измама од големи размери“, рече извршниот директор Маркус Браун.

Фото: Pixabay