SkinScanner, скенер што детектира проблеми на кожата

78

skener

Фото:  Neutrogena

Компанијата Johnson & Johnson, којашто е сопственик на брендот за нега на кожа Neutrogena, претстави скенер и апликација што може да детектира проблеми со кожата.

SkinScanner се поврзува со горниот дел на паметен телефон и преку користење на сензори им дава на корисниците зголемена слика на нивната кожа на лицето. Скенерот безжично се синхронизира со мобилна апликација, наречена Skin360 којашто дава информации и совети за подобрување на здравјето на кожата, пишува The Verge.

SkinScanner е направен во партнерство со компанија Fitskin, со седиште во Њујорк. Користи LED светло и леќи за зголемување коишто овозможуваат подобра слика за кожата, а има и сензор за влага. Корисникот преку користење на овој сензор добива информации за нивото на влага на кожата, брчките и големината на порите.

Скенерот функционира само со iPhone и насочува исклучиво кон производите на Neutrogena, но се очекува проширување на понудата.

SkinScanner ќе започне со испорака во САД ова лето и ќе чини 50 долари.