Скопскиот аква парк свечено ќе биде отворен во недела, информираат од СЦ Борис Трајковски.
За посетителите на располагање се 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти.
Влезниците за аквапаркот ќе чинат 300 денари, а децата до четири години ќе можат бесплатно да уживаат во активностите.