Фото: Pixabay
Тим од дански научници сосема случајно открија дека протеините од болеста маларија можат да бидат моќно и делотворно оружје за борба против ракот, пишува Independent.
Научниците бараа начин да ги заштитат трудниците од маларија, која што може да ја оштети постелката на плодот, но истовремено дојдоа до заклучок дека зајакнатите протеини од маларија ги напаѓаат и канцерогените клетки што може да биде значаен чекот напред во лечење на оваа болест.
Тимот научници комбинираше токсин со дел од протеините што се користат во вакцината против маларија. Добиениот “коктел” успешно продира до канцерогените ќелии и го ослободува токсинот којшто ги убива.
Според научницит,е во двата случаи протеинот од маларија се врзува за ист јаглехидрат, сознание што носи нова надеж за пронаоѓање на лекот против чумата на модерното време.
“Плацентата во рок од неколку месеци од сосем мал орган прераснува во значително поголем и достигнува тежина од скоро килограм, притоа обезбедувајќи кислород и хранливи материи за ембрионот, во релативно непозната околина. На некој начин и туморите го прават истото: агресивно растат во недоволно позната средина”, објаснуваат научниците.
Процесот е веќе тестиран кај глувци заболени од рак, а добиените резултати се изнесени во списанието Cancer Cell.
Научниците се надеваат дека во следните четири години ќе започне тестирање и кај луѓето.