За секој нов постпејд договор или обнова на постоечки договор на 24 месеци од Вип, корисниците на мобилниот оператор добиваат ваучер за уште една линија со 50% намалена претплата.
Намалената претплата се однесува на соодветниот Vip Free+ тарифен модел.
“Во овие претпразнични мигови им нудиме на нашите корисници на атрактивните Vip Free+ тарифни модели несекојдневна можност да добијат ваучер со промотивна месечна претплата со 50% попуст, кој може да го искористат за себе или да го подарат некому”, изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Вип.
Попустот на месечната претплата се однесува на целокупното времетраење на договорот од 24 месеци. За линиите активирани со ваучер не следува издавање дополнителен ваучер.