Со една просечна плата може да се купат 494 килограми леб од пченично брашно, чија просечна годишна цена на мало е околу 49 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Ова се цени од минатата година, а за споредба просечната годишна цена на мало на лебот во 2011 година била 53,31. Според тоа, разликата во цени помеѓу 2011 и 2018 година е 8%. Па така, во 2011 година со таа цена на лебот, со просечна плата би купиле 391 килограм леб или 103 килограми помалку одошто во 2018 година.
Македонската статистика, исто така, покажува дека просечната годишна цена на мало на маслото за јадење во 2018 година беше 60,82 денари, а во 2011 година 83,59 денари. Тоа е разлика од 27%, а со една просечна плата би можеле да се купат 399 литри масло за јадење во 2018 година, а 249 литри или 150 литри помалку во 2011 година.
Просечната годишна цена на мало на јајцата, според податоците, минатата година била 7,90 денари, а во 2011 година 7,04 денари. Со тие цени, пред осум години со една просечна плата би купиле 2.961 јајце, а лани 112 јајца повеќе или 3.073.
Пад од 41% има кај цената на шеќерот кристал, којшто во 2011 година имаше просечна годишна цена на мало од 55,79 денари, а лани просечната цена му беше 32,95 денари. Од таа причина, со една просечна плата би купиле 737 килограми шеќер во 2018 година или 363 килограми повеќе во споредба со 2011 година.
Кога ги анализираме цените на бензинот Еуросупер БС – 95, во 2011 година беше 76,09 денари, а лани 69,16 денари. Со тоа, со една просечна плата би купиле 351 литар бензин или 77 литри повеќе во споредба со 2011 година.
Фото: Pexels