Со развојот на цивилизицијата сè поголем е бројот на деформитетите

149

Во пресрет на Новогодишните празници, Медикус Хелп има понуда со која имате можност да подарите корисни производи за спречување на деформитетите на рбетниот столб или за најмалите да одберете новогодишно пакетче за превенција од рамни стапала.

1КОМПЈУТЕРОТ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ИЗБЕГНЕМЕ, НО КЛАСИЧНАТА СТОЛИЦА ДА ЈА ЗАМЕНИМЕ СО СТОЛИЦА СО ФИЗИОТОПКА МОЖЕМЕ!  

Ова е мотото што Медикус Хелп го промовира и применува прво во своите работни простории, а сè почесто го применуваат и многу други компании кои се грижат за здравјето на своите вработени.

Користејќи ја столицата со физиотопка можеме да ги зајакнеме мускулите, а со тоа да ги превенираме деформитетите на рбетниот столб.
Кога се седи на овој стол, тежинската гравитација овозможува постојана и најдобра положба на телото. Со седење на оваа топка се зајакнува абдоменот, мускулите на грбот и на градите, се намалува стресот на рбетот и болката во рамењата. Топката за седење може да биде извадена од пластичното столче во која што е сместена и може да се користи како обична топка за вежбање или да биде заменета со друга топка во различна димензија.

Новогодишните празници се одличен повод и причина да подарите “здраво “ седење на своите вработени, сакани и сите оние кои мораат да седат подолго време во текот на денот.

73784031-8f91-4b8d-8bfd-b6f5572795a3

Сè поголем е бројот на деца со деформитети на стапалата. Некои од деформитетите се само естетски, некои функционални и анатомски, но истите може да предизвикаат цела низа проблеми.

Доколку по дијагностицирањето на овие состојби не се спроведе и соодветен третман, последиците се чувствуваат во поодмината возраст кога можностите за терапија и корекција се намалени.

Одење и скокање на прсти, одење по нерамен терен како песок и камчиња на плажа во тек на летото, било каква спортска активност и вежби кои ги зајакнуваат подколените мускули се начин да се превенира оваа состојба. Но, бидејќи современиот начин на живот сè повеќе ги оневозможува децата во игри и активности на отворено и движење боси – решение е употребата на гумени масажни полутопки и ролни. Тие симулираат одење по песок и камчиња и претставуваат одлична кинезитерапија спроведена преку игра и забава.

Медикус Хелп во својата низа на 12 специјализирани продавници ширум Републиката, нуди сет за превенција на рамно стапало чии реквизити со својата форма и боја се вистински ʺмагнетʺ за секое дете. Сетот содржи две полутопки, ролна и постер со илустрирани вежби. Внатрешноста на полутопките и ролната е исполнета со воздух, а со играњето само неколку минути дневно на боцкавата надворешна површина се постигнува одлична сензо-моторна стимулација. Играњето со сетот за рамно стапало придонесува за зајакнување на мускулите на целото тело, се подобрува координацијата и балансот на телото, а со самото тоа се превенираат деформитети на рбетниот столб и на колената. На постерот се прикажани вежби, со кои на лесен и едноставен начин, а пред сè низ игра се постигнува превенција и правилен детски раст и развој.

Сетот чини помалку од квалитетен пар чевли за едно дете, а може да се користи со години, од повеќе деца и на различна возраст.

ДЕЦА! ИГРАЈТЕ, ВЕЖБАЈТЕ И ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ – ВАШИТЕ СТАПАЛА ЌЕ ВИ БИДАТ БЛАГОДАРНИ.

РОДИТЕЛИ! НЕ ДВОУМЕТЕ СЕ ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА НОВОГОДИШНИОТ ПОДАРОК ЗА ДЕЦАТА – ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА НИВНИОТ ПРАВИЛЕН РАЗВОЈ.

И СИТЕ ВИЕ КОИ ЌЕ НАПИШЕТЕ ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ, НАРАЧАЈТЕ МУ ГО ЗДРАВИОТ, ШАРЕН И ЗАБАВЕН ПОДАРОК.

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ ОД ТИМОТ НА Медикус Хелп