Посетителите кои од 10 до 15 септември ќе присуствуваат на Festival de Plaisance во Кан (бродско шоу), ќе имаат ретка можност да погледнат 100-тина нови луксузни јахти. Еве неколку од јахтите за кои се очекува да измамат најмногу воздишки.
Air 77, куќа-брод од 280 метри квадратни, опремена со 2×260 hp(кс) мотор, кој достигнува брзина од 20 јазли.
858 Fantom доаѓа со дизел или бензински мотор од 430 кс и развива брзина од 48 јазли.
Silent 76 е специјално дизајниран за двојки, идеален брод за романтично патување на морската шир.
Princess Yachts 98MY е исто така луксузна куќа-брод. Трпезариите и собите за дневен престој се затворени со големи стаклени прозорци, додека главната палуба ве носи до местото за релаксација и уживање.
Monokini јахтата е долга 44 метри, а широка 8,3. Може да превезува 10 патници и 8 членови на екипаж.