Србија добива уште еден Lidl супермаркет

64

lidlФото: Pixabay

Српскиот град Кикинда е последен во низата градови во земјата што ќе биде домаќин еден од најголемите ланци за малопродажба, германскиот Lidl. Објектот започна да се гради од први март, а ќе биде лоциран на улицата Светосавска.

За градење на овој објект се издвоени околу осум милиони денари, а се очекува да биде отворен во 2019 година кога истовремено, германскиот ланец ќе отвори свои супермаркети во уште дваесет градови во внатрешноста на Србија.

Покрај Кикинда, германскиот гигант веќе има свои маркети и во Ваљево, Суботица, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Нова Пазова.

Во Кининда паралелно се работи и на градење на погонот на италјанската компанија Calzedonia. Во фабриката се очекува да бидат вработени околу 300 луѓе.