Србија ќе добие 317 мали хидроцентрали

71

hidrocentralaВо следните две до две ипол години, Србија ќе има изградени 317 мали хидроцентрали, околу 100 мегавати моќност или 400 гигават часови електрична енергија, изјави српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ при врачувањето на Договорот за меѓусебна соработка на претставниците на 17 општини и градови. Овој Договор се однесува на добивање на енергетски дозволи за изградба на мали хидроцентрали на 317 локации.

Проценетата вредност на инвестициите за сите 317 локации е околу 500 милиони евра, од кои 300 милиони ќе бидат во неразвиените општини. Новите хидроцентрали, според министерката, ќе отворат околу 1.000 работни места, а со оглед на тоа што ќе ја покренат домашната индустрија, градежништвото и сите други области, може да се зборува за десетина илјади нови работни места.

Во Србија постојат преку 900 локации за мали хидроцентрали, но за овие 317 имало комплетна документација во моментот на објавување на тендерот.