Србија: Секоја трета фирма без ниту еден вработен

42

abandon the office.

Во Србија во 2013 година работеле 26.248 стопански субјекти без ниту еден вработен, што е скоро една третина од сите стопански субјекти, изјави Ружица Стаменковиќ од Агенцијата за стопански регистри, јавува Танјуг.

“Овие фирми минатата година покажале загуба од 303,2 милиони евра, што е за 38% помалку во однос на претходната година”, вели Стаменковиќ и додава дека овие фирми своето работење го финансирале со 65% од позајмени средства.

Фирмите без ниту еден вработен се најбројни во секторите трговија на мало и големо, во преработувачката индустрија и во секторот на стручна, иновативна и техничка дејност. Во оваа бројка спаѓаат и фирми што се во стечај и ликвидација, блокада, дел се од групата новоосновани, дел се приватизирани, а за голем дел од нив се претпоставува дека се основани за дополнително извршување на некакви дејности.