Светлана Мојиќ од Нови Сад, сопственичка на компанијата Salt & Water, го дизајнираше ентериерот на Boeing 787 VIP. Светлана ја освои светската награда International Yacht & Aviation Awards 2014 во категоријата идеен дизајн на ентериер за приватни авиони, натпреварувајќи се со дизајнери од големи компании, како што е Lufthansa. Наградата во Лондон и ја додели британскиот водечки магазин Desing Et All, пишува српски Дневник.
“Работевме на проект за наш клиент, британската фирма VIP Completions. Им се допадна тоа што го направивме и не пријавија на овој натпревар, еден од трите најголеми во светот. Во јануари влеговме во финале со уште шест најдобри проекти. Финалистите ги бираа дизајнери и различни експерти, а оцените ги даваше јавноста, во најголем дел читатели на стручни магазини”, вели Мојиќ.
Компанијата Salt & Water е основана во 2010 година и специјализирана е за дизајн на јахти, ентериер и екстериер. Денес по морињата и океаните пловат преку десет луксузни јахти создадени по идеја на Мојиќ. Таа дизајнирала и пловечки хотел со одвоени апартмани, ентериер на хотел на остров, каде стара тврдина е претворена во угостителски објект со пет ѕвезди.
Мојиќ моментно работи на дизајнирање хајтек очила како Google Glass.