Стопанска банка и Mastercard: Запознајте се со роботот Pepper

66

Фото: Facebook

Благодарение на Mastercard во филијалата i-bank store во посета доаѓа Pepper – хуманоиден робот кој може да води едноставни разговори со луѓе и притоа да овозможи и основни бизнис трансакции како нарачки, пресметки, плаќања и слично.

Стопанска банка ги повикува оние кои сакаат да бидат дел од настанот и да се запознаат со Pepper, да дојдат на 19-ти април во i-bank store од 14 до 18 часот.

Вклучени се и награди на крајот на денот по случаен избор, а посетителите треба само да постираат селфи со Pepper под хаштагот #PepperSTB на Instagram. Наградите вклучуваат: курс за програмирање, робот играчка, паметен часовник, паметна алка и таблет компјутер.