Наградувајќи ја довербата на сите корисници на Visa и MasterCard кредитните картички, Стопанска банка во оваа есен на своите клиенти им овозможува опуштено есенско купување, соопштуваат од банката.
Во месечниот преглед којшто ќе го добијат во октомври 2017, Стопанска банка овозможува 0% минимална месечна отплата на главницата од кредитните картички.
По истекот на промотивниот период, клиентите добиваат отплата од само 3% за MasterCard и 5% за Visa кредитните картички. Овој попуст се однесува само на минималниот износ на месечната отплата што треба да се подмири во рамките на рокот за плаќање (а не и на пресметаната месечна камата), но клиентите имаат можност да уплатат и поголем износ согласно можностите, во било кое време и без никаков дополнителен надомест.