Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша одлука со која странските инвеститори и претприемачи можат да добијат руско државјанство преку поедноставена процедура, пишува Итар Тасс.
“Процедурата е поедноставена со цел да привлечат повеќе странски инвеститори во руската економија“, стои во документот потпишан од рускиот премиер.
Во одлуката е утврдена листа на активности на кои нема наведено преференции во однос на видот на инвестотири и претприемачи. Меѓу нив се трговија, поправка на автомобили, кетеринг, маркетинг и тргување со недвижнини.