Strawscraper – “влакнест” облакодер што ќе ја користи енергијата на ветерот

66

1

Шведското архитектонско студио Belatchew Arkitekter неодамна претстави визионерска идеја под името Strawscraper. Се работи за надоградба на веќе постоечка висококатница во Стокхолм која благодарение на новата наметка од посебни “влакна” ќе може да ја фаќа енергијата од ветерот.

“Користејќи пиезоелектрична технологија, големиот број тенки влакна можат малите движења од ветерот да ги генерираат во електрична енергија. Со користењето на ваква технологија, фасадите на веќе постоечките и на новите згради можат да се претворат во единици за производство на енергија”, стои во соопштението на Belatchew Arkitekter.

Малите “влакненца” со кои ќе биде обложена висококатницата се безбедни за птиците и за човекот и се многу тивки во однос на конвенционалните турбини на ветер. Но, освен иновативниот предлог за производство на енергија во урбани подрачја, Strawscraper ќе биде интересен за гледање затоа што ќе создаде илузија на движење на зградата.

2

3