Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на електричната енергија од први јули ќе биде пониска за 5,24%. Средната цена за киловат час електрична енергија треба да изнесува 4,483 денари.
Според претходните информации, поевтинувањето доаѓа како последица на намалената потрошувачка на електрична енергија, но и намалениот увоз. Намалувањето на цената за магават/час доаѓа како одлична вест за граѓаните откако лани на двапати поскапи струја вкупно за околу 20%.
Поевтинувањето е побарано заради намалената потрошувачка на електрична енергија заради топлата зима, обилните врнежи кои ги наполнија акумулациите и го зголемија домашното производство што придонесе за намалување на спакиот увоз на струја.
И покрај барањето на трите енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, струјата да поскапи за 30%, барање кое беше дадено на почетокот од месецов до Регулаторот, согласно нивните пресметки за трошоците на компаниите во претходниот едногодишен период, голем дел од барањата беа отфрлени од Комисијата.