Сутоморе наскоро ќе добие прв хотел со пет ѕвезди. Црногорско – руското претпријатие Soho Hotel and Resort во овој проект ќе инвестира 100 милиони евра.
Рокот за изградба на хотелот треба да биде најдоцна до 1 јуни 2015 година, додека вилите ќе бидат подготвени да ги примат првите гости уште на крајот на јуни годинава, пишува еКапија.
Комплексот ќе содржи 150 хотелски соби, 52 вили, марина, спа центар, бутици, јахтинг клуб, два тениски терени и панорамски ресторан.
Хотелот ќе се гради на местото на хотелот Инекс Златна обала, а во првата фаза на изградба, овој проект му го привлече вниманието на Кемпински група, најстариот европски ланец суперлуксузни хотели со пет ѕвезди.