СЗО: Преработките од месо предизвикуваат рак

74

meso

Фото: Pixabay

Според Меѓународната агенција за истражувања на карцином (IARC), што е дел од Светската здравствена организација, месните преработки, како разните салами, колбаси и слично предизвикуваат рак.

Во извештајот на групата научници составена од 22-ца експерти од десет различни земји се вели дека месните преработки предизвикуваат рак кај човекот, додека за црвеното месо нема доволно докази, па истото е ставено во категоријата веројатно предизвикува рак.

Сепак, СЗО вели дека црвеното место има и свои бенефиции.

Само 50 грама обработено месо дневно, односно помалку од две парчиња сланина, ги зголемуваат шансите за рак на дебелото црево за 18%.

Обработките од месо ги вклучуваат сите месни производи на кои со цел да траат подолго, се додаваат разни конзерванси. Во извештајот се наведува дека токму овие додатоци се можната причина за зголемување на ризикот од рак.

Со оглед на најновите сознанија поткрепени со научни докази, СЗО ги стави месните преработки во иста категорија со плутониумот и алкохолот како предизвикувачи на рак.

Сепак, ова не е индикација за тоа колку тие ќе предизвикаат рак и не значи дека јадењето сендвич со шунка е исто лошо колку и пушењето.

“За еден човек ризикот од развивање на рак на дебелото црево само од конзумирање на преработки од месо е мал, но истиот расте со зголемувањето на количините на месо што се внесуваат во организмот,” вели доктор Курт Штраиф од СЗО.