Таксист од Украина нуди бесплатен превоз ако патниците се согласат да пеат

60

Андриј Турко, таксист од Украина, на оние патници кои ќе се согласат да пеат за неговиот YouTube канал, им нуди бесплатен превоз до каде што сакаат.

Турко, кој има 41 година порано работел како диџеј во ноќен клуб, пишува Reuters. Тој во своето такси има инсталирано караоке систем со цел да открие таленти во родниот град Винитсија.

Неговата платформа се нарекува Crazytaho Karaoke, а според Турко тоа е шанса за многу луѓе кои имаат талент за пеење, но немале шанса како да го покажат.

Тој вели дека овој проект често го остава без заработка, но не планира да престане. Неговата замисла е од индивидуалните “настапи“ да создаде сопствен онлајн канал за пејачи и музичари.

Фото:Pixabay