Фото: Pixabay
Повеќе од 70% од луѓето имаат повремени проблеми со несоницата. Брзиот начин на живот и проблемите играат голема улога во тоа.
Сепак, постојат одредени начини да си помогнете сами.
Техника со дишење
Затворете ја устата и земете воздух преку нос. Задржете го здивот броејќи до седум, а потоа издишете го целосно воздухот преку уста, гласно и тоа нека трае осум секунди. Направете го тоа три пати.
Јога метода
Легнете на лева страна, со прст притиснете ја и затворете ја десната ноздра и започнете длабоко и полека да дишете низ левата ноздра. Има одредени точки на телото што можат да го поттикнат сонот. Притиснете со прстот помеѓу ножниот палец и прстите до него, држете околу 20 секунди. Потоа пуштете пет секунди и повторете го истото уште два пати.
Визуелизација
Ако размислувате за тоа дека не можете да заспиете, ќе направите само полошо. Сето тоа ќе поттикне излачување на адреналин и уште повеќе ќе се вознемирите. Психолозите советуваат визуелизација. Замислете си ја омилената физичка активност, она што навистина ве прави среќни. Барем пет минути фокусирајте се на тоа, тоа ќе ви ги одвлече мислите, ќе ви го намали притисокот и ќе ве опушти. Правете го тоа со затворени очи.