Њујорк ќе ја создаде најголемата бесплатна Wi-Fi мрежа во САД, преку проект што наскоро би требало да се имплементира.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, објави повик за трансформација на застарената мрежа на телефонски говорници во бесплатни Wi-Fi hot spot места, што би можеле да ги користат сите жители, но и бројните туристи кои секоја година го посетуваат Големото јаболко.
Идејата за пренамена на телефонските говорници не е нова, бидејќи ист таков обид имал и претходниот градоначалник, Мајкл Блумберг, но без конкретен успех.
“Со години имавме едно исто прашање, а тоа е што да се прави со говорниците, но сега веќе го имаме одговорот“, вели градоначалникот на Њујорк.
Де Бласио ги повика операторите да се јават на конкурост што ќе биде објавен, а на тој начин Њујорк да се претвори во зона на бесплатен Интернет.