Фото: Pexels
Читајте ги знаците за можните заболувања што телото ви ги испраќа. Ова се неколку од нив.
Дебелеење во половината
Таложењето на масни наслаги на половината укажува на ризик од дијабетес или состојба наречена метаболен синдром доколку струкот е поширок од 80 сантиметри кај жените, односно 94 сантиметри кај мажите. Ризикот е навистина голем доколку бројката се искачи над 88 сантиметри кај жените, односно 102 кај посилниот пол.
Жолти дамки околу очите или на лактите
Оваа состојба се нарекува ксантелазма, а се должи на масно ткиво под очите, односно под кожата и укажува на можен зголемен холестерол во крвта. Задолжително направете крвна слика.
Темни кругови околу очите
Иако недоволното количество на сон придонесува за оваа појава, темните кругови околу очите, честото чешање, како и иритираниот нос укажуваат и на можни алергии.
Стапала што чешаат
Освен јадежот, може да се појави и бел лушпест или влажен осип помеѓу прстите или под стапалата, што е најчесто знак за габична инфекција.
Пукнатини на аглите од усните
Оваа состојба на кожата предупредува дека треба да го зголемите внесот на храна богата со витамин Б и железо, како зелен зеленчук, јајца и немасно месо.
Силен осип проследен со чешање
Ако и покрај разните креми и третмани не поминува, можно е да станува збор за целијачна болест, односно неподносливост на глутен. Доколку не се преземе ништо, болеста може да ги зафати и цревата и да стане хронична.
Истенчување на влакната на косата
Ниско ниво на железо или проблем со тироидната жлезда, можат да предизвикаат истенчување на влакната од косата и нејзино паѓање. Ова повеќе ги погодува жените, со оглед на фактот дека месечно губат одредени количини на железо.
Кршливи нокти
Ако правилно ги негувате ноктите, а сепак имате проблем со кршливоста, истата може да симптом за габична инфекција, псоријаза, проблеми со тироидната жлезда или артритис.
Проблеми со празнењето
Ако имате проблеми со празнењето вашето тело ви кажува дека морате да го зголемите внесот на влакна и вода во организмот. Тоа значи конзумирање на житарки од цело зрно, мешункасти растенија и слично.