Фото: Facebook
Компанијата Tetra Pak развива хартиена сламка за пиење што ќе може да се постави во картонските амбалажи на пијалаците, пишува Foodbev.com.
Хартиената сламка, којашто е изработена од FSC сертифицирана хартија, ќе може да се рециклира, а првично ќе биде достапна за две мали картонски пакувања за млечни и други напитоци за деца.
Компанијата, исто така, истражува можности поврзани со рециклирани материјали, како што е PHA – полимер што се добива од материјал од растително потекло.