Бројките кажуваат повеќе од илјада зборови
Веќе 18 години, квалитетот, како и квантитетот се највисоките приоритети на фирмата TimoCom. На крајот на краиштата, тоа се забележува кај техничкиот, како и кај претприемачкиот напредок на понудувачот на ИТ услуги. Па така и не е случајно што во последните години софтверската компанија со најголемата транспортна платформа во Европа и производите и услугите кои ѝ припаѓаат, се има етаблирано како лидер на пазарот. Притоа, несомнено значителен дел за успехот заслужни се и преку 100.000 корисници, кои секојдневно посегнуваат кон 450.000 понуди на утовар и утоварен простор. Колку за сопствениот бизнис успех се неизоставни решенијата, дали индивидуално или во целина, во тоа можат повторно и оваа година да се уверат посетителите на саемот за Транспорт и логистика во Минхен.
Од 5-ти до 8-ми мај 2015, TimoCom им ги презентира производите на сите коишто се активни во транспортната дејност. Бидејќи TC Truck&Cargo®, TC eBid®, берзата на складови и TC eMap® можат да се тестираат на разни работни станици. Понатаму ве очекуваат дополнителни функции, нови телематски понудувачи и ИТ решенија и услуги „made in Germany“ коишто соборуваат рекорди. Главниот претставник на фирмата, Марсел Фринг е оптимист дека овогодишниот хит на браншата ќе биде од добивка и за посетителите: „Ние нудиме палета на производи, која што не може да се надмине на актуелност, големина и дострел. Името TimoCom во цела Европа е синоним за безбедност и ефикасност и тоа на лице место ќе им го презентираме на посетителите на саемот со помош на импозантни податоци.“
За транспортните професионалци неизбежна е посетата на штандот 317/418 во халата A5. Шпедитерите и превозниците, но исто така и производствените и трговските претпријатија, како и давателите на услуги во транспорт и логистика, коишто се заинтересирани за транспортни налози – сите се срдечно поканети во иднина со производите да бидат на сигурно.
Повеќе информации ќе најдете на www.timocom.com.