Tonino Lamborghini смартфон од 4000 долари

44

Tonino-Lamborghini-Launches-Android-Smartphone-03-FSMdotCOMИталијанскиот луксузен бренд Tonino Lamborghini ги направи своите први чекори на пазарот со мобилни телефони потпомогнат од компанијата за хардвер и софтвер Antares.

Паметниот телефон месецов ќе биде пуштен во продажба во Кина и Русија, а на почетокот на 2014 истиот ќе биде лансиран и на американскиот и европскиот пазар.

Tonino-Lamborghini-Antares-600x400

Смартфонот ќе се продава во строго лимитирана серија и секој од телефоните ќе има вграден сериски број на беџ во заедниот дел.

Обложен со нерѓосувачки челик и високо квалитетна кожа, луксузниот телефон, за разлика од многуте слични на него, ги има сите хај-тек карактеристики и перформанси што ги содржи еден смартфон со Андроид оперативен систем.

tonino-lamborghini-antares-smartphone-designboom05-FSMdotCOM

Паметниот телефон поседува моќен квад-кор процесор, 2GB RAM меморија, 32GB внатрешна меморија, микро SD картичка за дополнителни 32GB меморија, потоа, Yamaha засилувач на звук, вградени звучници, задна камера од 13 мегапиксели и предна од 5, како и 4,3-инчен HD екран.

Tonino-Lamborghini-Antares

Смартфонот ќе се продава по цена од 4000 долари и ќе доаѓа со алуминиумска кутија што многу потсетува на каросеријата на Lamborghini.