#Trashtag – вирален предизвик за борба против ѓубрето

42

Фото: Pixabay

#Trashtag е онлајн предизвик што ги поттикнува корисниците да го чистат ѓубрето и да споделат фотографии, за да им бидат пример и на останатите, пишува BBC.

Корисниците преку Trashtag challenge избираат места што се “гушат“ во смет, го чистат, па објавуваат фотографии пред и по чистењето.

На годишно ниво се произведуваат околу 1,3 милијарди тони отпад, од кои околу 300 милиони тони завршува на депониите, еден милион во океаните, а најголемиот дел некаде на земјата. Овој хаштаг има за це да ги поттикнат луѓето да се соочат со овој проблем и заеднички да се организираат во негово решавање.