Tremor Freeme – уред што го елиминира треперењето на рацете кај болни од Паркинсонова болест

163

Фото: Pixabay

Тројца студенти од Универзитетот Аристотел од Солун, го развија стартапот Tremor Freeme, што се фокусира на намалување, па дури и елиминирање на појавата на треперење на рацете кај пациенти со Паркинсонова болест, пишува Greekreporter.

Дваесет и тригодишните студенти создадоа уред, што може да се носи како часовник, и помага да се намали треперењето на рацете кај пациенти болни од Паркинсонова болести. Тоа ќе им овозможи полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности.

“Живеам со мојот дедо кој е болен од Паркинсонова болест, гледам со какви тешкотии се соочува секојдневно и како тоа влијае на неговата состојба“, вели Томас Бикиас, еден од основачите на стартапот.

Уредот може да се прилагодува на индивидуалните потреби на корисникот со помош на вештачка интелигенција што ја намалува фреквенцијата на тресење преку компјутерска апликација.

Во моментот, уредот е прототип што се тестира во лабораториски услови, кај пациенти во болници во Солун.