Триглав Осигурување со добивка од 30,5 милиони денари за шест месеци

160

Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 30.06.2020 година оствари нето добивката од работењето во износ од 30.512.000 денари, што е за 26.985.000 денари повисока во однос на минатата година, стои во Коментарот на неревидираниот биланс на успех.

Нето приходите од премија за 2020 година, како што се наведува во Коментарот, изнесуваат 527.083.000 денари, што е намалување во однос на 2019 година за 5,1%, односно 24.311.000 денари. Како причини за намалувањето се наведуваат: пад на бруто премијата за 2.164.000 денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата; раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 63.213.000 денари, што делуваше негативно на нето премијата и промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2019 година, влијаеше позитивно за 41.066.000 денари.

Нето расходите за штети, како што се наведува во Коментарот, се во износ од 236.382.000 денари и споредено со претходната година тоа претставува намалување за 16,7% или за 47.497.000 денари во апсолутен износ. Падот, како што се наведува, се должи на пониската ликвидација на штети, како и на поголемо учество на реосигурителите во ликвидираните штети и резервациите за штети.

Фото: Facebook