TripAdvisor казнет од Италија со 500.000 евра

42

ta

Италијанското тело за заштита на пазарна конкуренција го казни популарниот веб сајт за патувања TripAdvisor со сума од 500.000 евра, поради лажни информации во своите коментари, пишува The Guardian.

На казната и претходеше седум месечна истрага во врска со тоа дали TripAdvisor ги отстранува лажните и погрешни коментари, откако пристигнаа поплаки од страна на клиенти и сопственици на хотели во Италија.

Надзорното тело со седиште во Рим вели дека американската компанија и нејзиниот италијански огранок треба да престанат со објавување на лажни информации во коментарите, додавајќи дека ова започнало уште во септември 2011.

TripAdvisor, кој објавува препораки и коментари за хотели и ресторани низ целиот свет се оградува од обвниненијата и вели дека ќе поднесе жалба.

Надзорниот орган му даде 90 дена на веб сајтот да ги тргне лажните коментари и да даде објаснение како во иднина ќе се справува со таквите информации. TripAdvisor има 30 дена да ја плати казната.