Трошоци во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третиот квартал

33

gradenje-kukja-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје во споредба со второто тримесечје од оваа година, се повисоки за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците за материјали се пониски за 0,3% и трошоците за вработените се повисоки за 3,7%.
Во третото тримесечје од 2017 година, во споредба со третото тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,3%, трошоците за материјали се повисоки за 2,1% и трошоците за вработените се повисоки за 5,9%.